Теренска проверка на избирачкиот список од понеделник


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната јавна седница го усвои упатството по кое ќе се врши теренската проверка на сите сомнителни податоци во избирачкиот список, а при теренската проверка нема да бидат земени предвид и пријавите за неправилности од граѓаните.dik sednica

Теренската проверка ќе започне од понеделник со контрола на сомнителните податоци што ќе произлезат од вкрстувањето на податоците од базите на податоци на институциите.

Членовите на ДИК денеска расправаа и за критериумите по кои треба да се проверуваат пријавите за неправилности во избирачкиот список што пристигнаа откако беше објавена веб-апликацијата за гласачите. Досега се обработени 683 пријави, од вкупно пристигнатите повеќе од 2.000.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1