Тереза Кесовија во болница- хрватската пејачка на работ од смртта


Хрватската пејачка Тереза Кесовија (76) е сместена во една клиника во Загреб поради сепса.

Кесовија во болницата е веќе три дена, пренесува хрватскиoт печат, а сепса имала и пред три месеци кога лежела во болницата во Дубровник.

– Неодамна добив тешко воспаление на бубрегот, па тогаш се вовлече бактерија која, на за жал, отиде во крвта – рекла тогаш легендарната пејачка на која поради рак пред шест години и го отстранија бубрегот.

hitportal-tereza-kesovija

„Слаба сум. Само лежам. Премногу сум немоќна за да читам, па времето го поминувам гледајќи во празно. И плачам“, вели Тереза.

Во последните неколку дена, пејачката се борела со високата температура која ја исцрпувала.

После прегледот кај лекар, утврдено било дека мора да остане во болница поради сепса. Овој проблем го имала и пред три месеци.

„Кога во септември завршив во болница, многумина ми рекоа: Тереза, намали го темпото. Не разбираа дека немам проблем со темпото, туку со стресот. Емотивна сум. Се што се случува си го земам при срце“, признала Тереза, пишува Јутарни лист.

Исто така тогаш имала два тумори во уво.

– Тереза е вистински борец и нема да се предаде. Таа во животот се и сешто помина и секогаш се извлекувала, рекол музичарот Миро Унгар (77), поранешниот маж на дивата.

Само за потсетување, пред скоро три месеци, големата хрватска дива шест дена поминала во болница поради температура, но штом и станало подобро, ја напуштила болницата во Дубровник и се вратила во Загреб, каде продолжила со лечењето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1