Германската ТВ мрежа РТЛ по терористичкиот напад во Париз емитуваше ексклузивна сторија за џихадизмот на Балканот, во која засткриен со марама и во темнина се појави еден од повратниците од боиштата во Сирија кој, како што се виде од снимките, престојува во Македонија, пренесува Утрински весник.
Видеото кое е на германски јазик може да го погледнете на следниот ЛИНК
Џихадистот, кој се именуваше како Аднан, кажува дека обезглавувал луѓе во име на ИСИС, но сега се вратил назад и се крие во нашата држава. На прашањето зошто се вратил баш тука џихадистот, чие потекло не е јасно, изјавува дека Балканот е многу погодно место за таквите како него, бидејќи има многу корупција, сугерирајќи дека за пари се толерираат повратниците од Сирија, без оглед каква закана се за безбедноста на регионот.
„Убивме две жени и тројца мажи, при што не смеевме да ги застреламе туку моравме да ги обезглавиме со нож. Ако беше возможно, требаше тоа да го правиме јавно, за да го видат другите“, вели џихадистот во интервјуто, кое беше илустрирано со снимки од Скопје
Запрашан зошто отишол да се бори за Исламската држава тој одговора:
„Зошто ми требаше посебен адреналин, а и заради пари“. „Колку“, запраша новинарката на РТЛ, на што Аднан одговара дека „надоместот“ за обичните борци е 2.000 долари, дека сепак зависи од придонесот, а специјалците добиваат до 20.000 долари!
„Има повик на интернет. Кој сака, оди. Ако умреш, ќе умреш… тие велат дека Алах рекол така да биде,“ изјавува тој. „Но, вие не верувате во тоа“, му реплицира новинарката, на што тој без двоумење одговара – „не“. Запрашан потоа колку време му било потребно да сфати дека се е поинаку од тоа што си го замислил кога и се приклучил на ИСИС, Аднан одговори дека му била доволна само една недела.
Видеото кое е на германски јазик може да го погледнете на следниот ЛИНК