Џихадист од “Исламска држава” се саморазнесе за време на операција на турската полиција доцна синоќа во градот Газиантеп во југоисточна Турција, до границата со Сирија, соопшти Франс прес, повикувајќи се на локалните медиуми.
При влегувањето на полициски единици за борба против тероризмот во стан во станбен блок во градот, терористот го активирал појасот со експлозив, прецизира агенција Доган.Четворица полицајци биле повредени, од кои едниот тешко.
Вчерашниот напад се случува ден пред светските лидери да се соберат во средоземното одморалиште Анталија, на самит на Групата 20, каде што главна тема е борбата против тероризмот, по петочните напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.