Терорист на ИСИС се разнел во Турција при рација во неговиот стан (ВИДЕО)


Џихадист од “Исламска држава” се саморазнесе за време на операција на турската полиција доцна синоќа во градот Газиантеп во југоисточна Турција, до границата со Сирија, соопшти Франс прес, повикувајќи се на локалните медиуми.terorist turcija

При влегувањето на полициски единици за борба против тероризмот во стан во станбен блок во градот, терористот го активирал појасот со експлозив, прецизира агенција Доган.Четворица полицајци биле повредени, од кои едниот тешко.

Вчерашниот напад се случува ден пред светските лидери да се соберат во средоземното одморалиште Анталија, на самит на Групата 20, каде што главна тема е борбата против тероризмот, по петочните напади во Париз, во кои загинаа 129 луѓе. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1