Две лица се повредени, од кои едно сериозно, во синоќешниот напад кога маж отвори оган од пушка калашников, во возот Талис на линијата меѓу Париз и Амстердам. Напаѓачот бил совладан од патниците, американски војници во цивил и потоа беше уапсен во станица Арас во (Па-де-Кале) Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.
Според сведочењата на патниците во возот, човек вооружен со Kалашников, автоматски пиштол, девет шаржери, во возот се качил на станицата во Брисел, а по излегувањето од тоалетот започнал да стрела околу 18 часот, при што ранил двајца патници. Едниот од повредените е британски државјанин, тој е потешко повреден и неговиот живот е во опасност.
Напаѓачот бил совладан од двајца американски војници во цивил, кои слушначле како го полни оружјето во тоалетот. Според нивниот сопатник, Антони Седлер, станува збор за Спенсер Стоу од Сакраменто и Алек Скарлатос од Роузбург. Тој раскажа дека слушнале истрел и звук на искршено стакло зад нив, по што виделе вработен во возот како трча по патеката, а потоа и маж вооружен со автомат влегол во вагонот.
– И додека тој ја полнеше пушката за да пука, Алек извика „Ајде Спенсер“ и Спенсер почна да трча по патеката меѓу седиштата. Спенсер го направи првиот контакт, го собори напаѓачот, а Алек му го одзеде оружјето, а потоа извади нож и го пресече неколку пати. Потоа заедно тројцата го удиравме, додека не изгуби свест – раскажува Седлер.
Според него, за цело време, напаѓачот не изустил ниту збор. Возот потоа бил насочен кон станицата во Арас, каде веднаш бил уапсен од полицијата и притворен.
Напаѓачот е 26-годишно лице со мароканско потекло. Тој не и непознат на тајните служби, кои за него воделе посебно досие како лице поврзано со тероризам.
За белгискиот премиер Чарлс Мишел нема двоумење станува збор за „терористички напад”. Вознемирувачко совпаѓање е тоа што доцна вчера попладне, на линијата на ТГВ помеѓу Марсеј и Париз почнало да има чад, а потоа возот се запалил поради непозната причина, предизвикувајќи евакуација на 800 лица во Сен Квентин-Фалавие во Изер, односно истатото место каде џихадистот Јасин Салхи беше уапсен на 26 јуни по обезглавувањето неговиот газда Ерве Корнара а потоа се обиде да ја нападне фабриката за гас.
Нападот во возот Талис, наликува и на нападот во еврејскиот музеј во Брисел.
Американскиот претседател Барак Обама исто како и многу други политичари им честитаа на двајцата американски војници за покажната храброст.