ВИДЕО: Испратен со музиката од „Кум“: Скандалозен погреб на шефот на римската мафија


Во предградие на Рим, во холивудски стил, закопан е локален мафијаш, во кочија со коњи, додека ечела музиката од филмот „Кум“, а исто така и од хелихоптер биле фрлани ружи.

„Го освои Рим, ќе го освоиш и рајот“, напишано е на некрологот. Инаку на погребот на Виториј Касамоник, водач на клан, имало стотина илјади луѓе. Цела церемонија била пренесувана на телевизиите.pogreb500

Скандалозно луксузен и богохулен, погребот на Виторио Казамоника, мафијашкиот „Крал на Рим“.

Пред салезијанската црква Сент Џовани Боска бил ставен поголем постер на кој бил прикажан покојникот облечен во бел костум со крст на градите, како да е папа, со натпис „Виторио Казамоника, Римски крал“.

Пред погребната поворка, сообраќајот го „чистеле“ градските редари, припадници на полицијата на Рим.

Во поворката била луксузна мртовечка кола која ја влечеле пест црни ирски коњи со перјаници, а над поворката летал црвен хеликоптер кој ги посипувал ожалостените во поворката со облаци од латици од рози, а оркестарот ја свирел музиката од култниот филм „Кум“, па сите да сфатат дека во црковна слава и државна придружба на оној сет заминува крунисаниот крал на римската мафија, царот на кокаинот, војвода на илегалните обложувања, баронот на фудбалот и другите спортови, кнезот на перењето на пари.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1