Терористи од ИД веќе влегле во Европа – Исламисти скриени меѓу мигрантите на бродовите


Припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) успеаја да влезат во Европа мешајќи се меѓу илегалните имигранти кои се обидуваат од Либија преку Средоземното Море да стигнат до ЕУ, изјави за Би-Би-Си советникот на меѓународно признатата либиска Влада, Абдул Басит Харун.

imigranti vrakjanje

Според него, шверцерите на имигранти кои со своите бродови поаѓаат од подрачјата во Либија под контрола на исламистите, во своите пловила кријат борци на ИД, кои потоа се мешаат со бегалците и влегуваат во Европа.

– Исламистите најчесто патуваат одвоено од останатите имигранти, изјави Харун, додавајќи дека е можно инфилтрираните џихадисти да планираат напади во Европа.

Тој тврди дека ИД им дозволува на шверцерите на имигранти да поаѓаат со бродовите од териториите под нејзина контрола во замена за 50 проценти од заработката од секој транспорт.

ИД, која контролира големи територии во Ирак и Сирија, последниве месеци е се поактивна и во Либија, користејќи ги борбата за власат меѓу ривалските групи и хаосот во кој западна земјата по соборувањето на режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Според податоците на ОН, од почетокот на годината околу 60.000 илегални имигранти се обиделе преку Средозменото Море да стигнат до Европа. Во тој период неколку несреќи на бродовите со имигранти загинаа над 1.800 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1