Три вооружени лица извршија напад во хотел во одморалиштето Хургада, Египет. Нападот се случил во хотелот „Бела Виста“. Според изјава на една од вработените во хотелот, која сакала да остане анонимна, најмалку двајца туристи се повредени
Според сведоци од местото, двајца од напаѓачите кои носеле црни знамиња на ИСИС и извикувале Алах Акбар, се убиени.
Безбедносните претставници рекле дека напаѓачите пристигнале преку море за да го изведат нападот, пренесе Ројтерс. Засега не е познато дали има жртви.
Сведоци на нападот изјавиле дека напаѓачите носеле знамиња на терористичката Исламска држава.