Терористите го објавија бројот на жртвите во хотелот во Најроби – 47 убиени , десетици ранети


Тероростичката група ал- Шабаб од Сомалија објави дека во нападот на хотелско – деловниот комплекс во главниот град на Кенија , убиле 47 лица.

Податокот е објавен на сајтот на терористичката организација , без натамошни детали . Оваа терористичка организација веднаш по почетокот на нападот , ја презеде одговорноста. Според очевидци , неколку мажи со џуп упаднале во хотелско – деловниот комплекс , каде има седишта на бројни европски компании и почнале да пукаат кон луѓето .

Вработените во паника бегале , откако се слушнале експлозии и пукотници од сите страни.

Кенијската полиција се уште не објавува колку луѓе настрадаа во нападот , а акцијата за пронаоѓање на терористите е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1