Исламистичките терористи чии пресретнати разговори ги навеле британските разузнавачи да претпостава дела терористички напад е причина за подот на рускиот патнички авион во Египет на 31-в октомври, зборувале со британски акцент, објави ноќта кон неделата интернет изданието на весникот The Daily Telegraph.
„Во моментов се појавуваат извештаи дека џихадистите, чиишто разговори ги снимило британското разузнавање во врска со несреќата, односно дел од разговорите кои ги навеле во Даунинг стрит (седиштето на британскиот премиер- з.р,) да заклучи дека станува збор за терористички напад, зборувале со британски акцент“, ги цитира весникот своите извори.
„Во моментов не сме во можност да спроведеме независна проверка на овие извештаи, и премногу е рано да заклучиме дека терористите биле Британци, но доколку тоа е вистина, овој податок од извештаите го прави уште погорлив проблемот со милитантите од Велика Британија кои заминуваат во редовите на Исламската држава“, се истакнува во написот на The Daily Telegraph.
Претходно британската влада најави дека извештаите од различни извори укажуваат на тоа дека причината за падот на рускиот авион со 224 патници и членови на екипажот минатата сабота на Синајскиот полуостров била подметната бомба. Подоцна, британските власти изјавија дека многу е веројатна дека зад евентуалниот чин стои екстремната сунитска организација Исламска држава.
Засега официјално руските и египетските власти се воздружуваат од верзија за терористички напад, порачувајќи дека засега нема податоци од истрагата кои ќе ја потврдат таа теза, и бараат да не се избрзува со заклучоците до целосното прегледување на доказите.