Терористот Карлос Чакала осуден на доживотен затвор


Венецуелецот Илич Рамирез Санчез, познат по прекарот Карлос Чакала, денеска беше осуден на доживотен затвор за атентат во Париз во 1974 година.

Водечката фигура во „анти-империјалистичкиот” тероризам во 1970-тите и 1980-тите одби да се појави денеска во судот, кој ја потврди пресудата од пониска инстанца, донесена во март 2017 година.

Случајот беше напад со граната во Париз во 1974 година, во кој загинаа две лица и беа повредени 37.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1