Кој е новиот државен секретар на САД?: Бизнисмен, разузнавач – би го убил Сноуден, би шпионирал граѓани, забранил абортус


Новиот човек на Трамп, мајк Помпео, кој ќе ја води американската дипломатија е задрт конзервативец кој го завршил школувањето на Вест Поинт. Откако претседателот на САД, Доналд Трамп го отпушти од Белата куќа и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, на негово место дојде контроверзниот 54-годишен Мајк Помпео, поранешен шеф на ЦИА.

како Трамп поминал долги години како бизнисмен пред да прејде во политиката. Помпео отслужил три мандати во Конгресот на САД како претставник на конзервативниот Канзас, бил член на Комитетот за разузнавање, а потоа станал директор на ЦИА. За време на претседателските избори во 2016 година Помпео бил отворен критичар на договорот на поранешниот претседател Обама со Иран, на справувањето на Хилари Клинтон со нападот во Бенгази, а исто така изјавил дека Едвард Сноуден, поранешниот вработен на Националната агенција за безбедност кој објави тајни од агенцијата, е предавник кој заслужува смртна казна.

„Тој треба да биде вратен од Русија и да има соодветен процес и мислам дека вистинскиот исход ќе биде да му се изрече смртна казна“, рече Помпео.

Неодамна, односно минатиот ноември, само неколку дена по победата на Доналд Трамп на изборите во 2016 година, Помпео, во врска со нуклеарниот договор со Иран, изјави на Твитер: „Со нетрпение очекувам да го поништам катастрофалниот договор со најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот“.

Како пратеник, Помпео го поддржа обновувањето на збирката на телефонски метаподатоци на Националната агенција за безбедност, основната алатка за борба против тероризмот која беше отстранета од страна на Конгресот откако Сноуден ги објави тајните податоци. Помпео во јануари рече дека шпионските програми на НСА се вредни и дека сака да ги оживее. „Не смееме да го држиме тој алат настрана од нашата разузнавачка заедница додека заканите се големи како што е тоа случај денес“, рече тој. Исто така им кажа на студентите дека САД треба да ги шпионираат светските лидери, вклучувајќи ги и нашите најблиски сојузници. „Зошто би се шпионирала Германија? Излезе дека токму тоа е местото каде што можете да ја најдете Ал-Каеда“, рече тој. „Зошто би се шпионирале пријателите? Бидејќи тоа е местото каде што ќе ги најдете луѓето кои се обидуваат да направат огромна штета на Америка“.

Во 2014 година, Сенатот објави дел од својот извештај за тортурата на затворениците на ЦИА меѓу 2001 и 2006 година што вклучуваше „потопување, употреба на електрични шокови, кучиња, голотија, хипотермија и потсмев“. Помпео го разгледал извештајот, истакнувајќи во изјавата во тоа време:

„Нашите мажи и жени, кои беа задолжени да не штита по 11 септември – нашата војска и нашето разузнавање – се херои, а не пиони во некоја либерална игра која ја играат ACLU и сенаторотот Фајнстајн. Овие мажи и жени не се мачители, тие се патриоти. Програмите кои се користеле се законски и уставни, а спроведени со целосно знаење на сенаторот Фајнстајн. Ако било кој поединец дејствувал надвор од законските рамки на програмата, јас би очекувал да се сослушаат во целосниот опсег на законот“.

Како директор на ЦИА, Помпео се откажа од појавувањето на Харвард поради одлуката на Универзитетот исто така да го повика и Челси Менинг, кој беше осуден за објавување тајни информации. Помпео го нарече Менинг американски предавник. Тој рече дека се согласува со воените и разузнавачките службеници кои веруваат дека излегувањето на Менинг од затвор ќе ги загрози животите на вработените во ЦИА.

Тој директно им се спротивставил на американските разузнавачки агенции, кои во јануари рекоа дека сѐ уште не направиле проценка за влијанието на хакерската и пропагандната кампања на Москва, но во нивниот извештај се наведува дека целта на Русија била да се обиде да му помогне на тогашниот републикански кандидат Доналд Трамп да победи на изборите.

Помпео не е љубител на етикети на прехранбените производи, особено кога станува збор за ГМО

Како конгресмен, Помпео напиша закон со кој се спречуваат федералните држави да им наредуваат на прехранбените компании да ставаат налепници на нивните производи што укажуваат дека содржат генетски модифицирани организми или ГМО. Законот беше усвоен во 2015 година и покрај противењето на демократите и групите за заштита на потрошувачите кои инсистираат на тоа дека Американците имаат право да знаат што има во нивната храна, според „The Hill“. Помпео ја отфрли таа загриженост, велејќи дека барањата за нови етикети само ги зголемуваат трошоците. „прецизно нула веродостојни докази покажаа дека храната произведена со биотехнологија претставува ризик за нашето здравје и безбедност“, рече Помпео. „Не треба да се зголемуваат трошоците врз основа на желбата на шака активисти“.

Помпео бил меѓу најдобрите студенти во својата класа на американската Воена академија во Вест Поинт во 1986 година, по што студирал и дипломирал и на Универзитетот Харвард, каде што бил уредник на престижниот весник „Харвардс ривју“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1