Тесалоника – полусестра на Александар Македонски?!


Тесалоника била македонска принцеза, а подоцна и македонска кралица. Родена е како незаконска ќерка на македонскиот крал Филип II и неговата тесалиска конкубина Никесиполис.

Интересна легенда за Тесалоника која ја пренесуваат колегите од Точка – Која била Тесалоника – Македонка, полусестра на Александар Македонски? 

OLYMPUS DIGITAL CAMERAФилип, на денот на нејзиното раѓање извојувал важна победа во Тесалија, па затоа ѝ го дал името „Тесалиска победа“.
Набрзо после нејзиното раѓање, мајка ѝ починала, па грижата за неа ја презела кралицата Олимпија, која со Никисеполис била добра пријателка.

Со оглед на тоа што Тесалоника не била законско дете, главно била поштедена од сплетките околу одржувањето на династичката лоза.

Но таа ситуација се променила кога во 323 п.н.е. починал нејзиниот полубрат, славниот Александар Македонски, а дијадосите почнале да се интересираат за неа, имајќи предвид дека доколку се оженат со неа, ќе го легитимираат своето преземање на Империјата.

Тесалоника цело време останала верна на својата маќеа, дури и била заедно со неа при опсадата во Пидна од страна на Касандар. Пидна паднала во рацете на Касандар, Олимпија била убиена, а Касандар се оженил со Тесалоника.

gorgona1-300x200Во бракот со Касандар, Тесалоника родила три сина: Филип, Антипатар и Александар. Касандар на својата жена ѝ оддал почит на тој начин што новата македонска престолнина ја нарекол по нејзиното име. Токму затоа денешниот Солун по тој повод го носи името на Тесалоника.

После смртта на Касандар, Тесалоника се обидела да ги убеди своите синови Антипатар и Александар да владеат заеднички, но Антипатар не ја послушал, а наместо тоа тој го протерал својот брат од Македонија, а Тесалоника ја убил.

Исто така постои и една легенда за Тесалоника која вели дека Александар Македонски од своите патувања низ Азија ѝ донел еликсир на бесмртноста. Кога Тесалоника слушнала за смртта на својот полубрат, се фрлила в море, но не можела да се удави, туку станала морска сирена која ги следела бродовите и се распрашувала дали нејзиниот брат е жив.

Ако слушнела дека нејзиниот брат е мртов, таа се претворала во Горгона и ги јадела бродовите.

Izvor – Tocka.mk 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1