Вчера евидентирани се три кривични дела и тоа една „тешка кражба“ и две „кражба“.
Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила сопственост на „Илинден-АД“ Струга при што одзел 240 литри дизел гориво.
Исто така кривично дело „кражба“ е извршено во с.Црешево каде од дворно место се одземени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, и втората кражба е извршена во Економија (Сингелиќ) каде од дворно место е одземен мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.