Тешка сообраќајка кај МТВ повредено едно лице


На улицата кај Македонската радио телевизија во тек е полицискиот увид откако вечерва се судрија две возила со скопски регистарски таблички, при што едно лице се здобило со тешки повреди, јавува Телеграф.

Се уште не се познати причините за сообраќајката, но станува збор за судар на возило “Рено Меган“ и “Лада нива“, при што, поради превртувањето на ладата со повреди се здобил совозачот од ова возило.

Повреденото лице во возило на итната помош е префрлено во Ургентниот центар во Скопје.

Фото: Телеграф

soobrakaj kaj mtv

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1