Тешка сообраќајка се случила вечерва на патниот правец Штип – Радовиш во близина на рудникот Бучим пренесуваат медиумите. во истата учествувале амбулантно возило и камион, пишува репортер.мк.
Поради тежината на сударот возачот на амбулантното возило е приклештен во деформираната каросерија.
На помош, на местото на несреќата пристигна возило на противпожарната служба, и се прават обиди да се извлече возачот од амбулантното возило.