Тешка трагедија се случила кај словенечкото село Брстовец, кога тригодишно дете, додека родителите во околната шума береле печурки, со автомобил го прегазил својот едногодишен роднина.
Родителите децата ги оставиле во автомобилот на работ на шумата, меѓутоа, детската игра се претворила во трагедија. Тригодишното дете го прегазило едногодишното бебе кога излегло и застанало пред автомобилот.
Малечкото со тешки повреди е префрлено во болница, но докторите не успеале да го спасат. Починало во болницата. Родителите се скршени од болка, велат дека цело време биле во близина и дека постојано ги имале децата „на око“.
Полицијата моментално ја испитува нивната одговорност.
– Обдукцијата уште не е направена. Деталите за целиот случај ќе се знаат наскоро. Најважно е сега да се заштити детето, изјави портпаролката на полицициската станица во Ново Место Аленка Дреник.