Управата за јавни приходи информира дека почнала со најголемата контрола во делот на фискализацијата досега. Најавува дека во сите градови и општини, и најмала „пиљара“ ќе биде контролирана од даночниците.
– Без разлика на дејноста, неселективно ќе се контролираат деловните објекти – дали издаваат фискални сметки, дали го прикриваат и прикажуваат реалниот готовински промет, водењето на финансиката документација…, наведуваат во соопштението од Управата за јавни приходи.
Управата за јавни приходи посочува дека и покрај обидите за притисоци ќе продолжи со контролите со цел сузбивање на сивата економија и неплаќањето на даноци. Сите 150 даночни инспектори се на терен.
Досега се затворени – 21 деловен објект во Велес, 41 во Струмица, 23 во Гевгелија, 29 во Куманово, 69 во Скопје, 19 во Тетово и во Прилеп 20.