Тешко повредено девојче во училиштето 11-ти Октомври – Директорката негира одговорност за скршениот череп на ученичката


Седумгодишно девојче е повредено откако врз нејзината глава паднала метална шипка од фискултурна опрема во спортската сала од училиштето „11. Октомври“ во петокот пред да почне фолклорната група да тренира, објави ТВ Телма.

Според мајката на девојчето, деца сведочеле дека дел од учениците се беселе на одбојкарската мрежа при што била повлечена метална шипка и паднала директно врз главата на девојчето кое случајно поминувало.

Тоа со тешки повреди завршило на приватна клиника каде според наодите на докторите парчиња од черепот биле навлезени во обвивката од мозокот па морало да се прави операција.

Полицијата се уште не се заинтересирала за случајот во кој 7 годишно девојче заврши со скршен череп откако метална прачка и падна врз главата во спортската сала во училиштето 11-ти Октомври во Скопје, јавува Телма, а за телевизијата потврдуваат дека случајот се уште не е пријавен.

Во меѓувреме преку писмо реагираше директорката на училиштето Даница Блажевска откако вчера не сакаше да зборува по телефон на оваа тема. Таа вели дека настанот се случил по завршување на наставата во салата која училиштето ја издава на Културен центар Карпош.

За организацијата, безбедноста и редот е одговорно лицето кое го изнајмува просторот. ДКЦ Карпош ја користи салата за фолклор и надлежната ги опоменала учениците и побарала одговорно да се однесуваат, но тие продолжиле со влечење на мрежата што доведе до повреда на ученичката. Во салата се сместени реквизити кои се безбедни и сигурни. На видно место во салата е истакнато писмено известување за соодветно однесување на учениците кон реквизитите, кажа Даница Блажевска – в.д. директор на ОУ 11-ти Октомври.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1