Никола Тесла и Марија Оршиќ имаат многу заедничко. Двајцата доаѓаат од поранешна Југославија и двајцата биле под будното око на војската и безбедносните служби. Тесла го шпионирале ФБИ и ЦИА, додека Марија Гестапо и СС.
Според порталот Алазул, Тесла бил научник и гениј за електромагнети, додека Марија на прв момент била обична девојка. Таа сакала да има долга коса, сакала да изучува јазици и балет … Се додека еден ден не паднала во транс. Од тогаш таа почнала да дејствува како медиум и во состојба на транс добивала различни технички податоци за изградба на НЛО. Меѓу документите на Тесла се пронајдени детални планови и цртежи за изградба на НЛО.
Тоа што е интересно е дека Марија Оршиќ тврдела дека информациите се добиени на сумерски јазик од планетата Алфа Кентаури. Добивала информации за потеклото на човечкиот род, за изгубени светови како Атлантида, но и технички детали за тоа како да се направи НЛО.
За да ги протолкува шематски планови нејзиниот татко се споил со д-р Ото Шуман. Врз основа на овие информации Германија во 1922 година се обидела да направи НЛО, но леталото било целосно промаршување.
Сепак, кога Мери по само три дена се вратила со нови информации д-р Ото Шуман бил воодушевен. Германците следната година врз основа на новите податоци создадле нов модел кој летал 55 минути, а во еден момент достигнал брзина од 300.000 километри на час.
Од друга страна, Тесла пишувал за вонземјани на санскритски јазик. Тој тврдел дека две вонземјански раси се во војна, поради загриженост за човештвото. Тесла измислил т.н. уред “Зракот на смртта” кој според него можел да го уништи секој вонземјански брод.
“Пронајдов начин со кој луѓето можат да пренесат многу енергија од една планета до друга, без оглед на далечината”, ијавил Тесла за “списание” во 1931 година.
Така, американскиот претседател Ајзенхауер, без знаење на Конгресот, одобрил огромни средства во 1958 година за да се изгради база и да се започне со истражување по документите на Тесла.
Тесла починал на 7 јануари 1943 година во Њу Јорк и американската влада веднаш ги конфискувала сите негови трудови. Од друга страна Марија Оршиќ исчезнала во март 1945 година во Берлин, и од тогаш таа не е пронајдена.