Млад тетовец за кој подоцна се покажало дека бил под дејство на алкохол, вчера рано наутро киднапирал девојка, а полицијата алармирана од очевидец наскоро го пронашла.
Случајот вчера во 1.45 часот го пријавил граѓанин во Тетово, кој рекол дека непознато машко лице со возило „опел вектра“ со употреба на физичка сила присилил женско лице да се качи во неговото возило и со голема брзина се упатил зад Клиничката болница во градот.
Полицијата веднаш интервенирала, при што лицето е пронајдено и е утврден е неговиот идентитет. Се работи за П.М.(25) од Тетово над кого е извршен алкотест со што е утврдено дека има присуство на алкохол во крвта.
По целосно расчистување на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.