Тетовец на принтер испечатил дански круни, си купил цигари


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.С. (26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело помагање во врска со „фалсификување пари”.

На 20 ноември минатата година на „Зелениот пазар” во Тетово, Л.С. при купување цигари употребил фалсификувана банкнота од 1.000 дански круни. По преземени мерки, полициски службеници при претрес во домот на Л.С. пронашле и одзеле банкнота од 1.000 дански круни, банкнота од 20 евра, преносен компјутер и бела принтер хартија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1