Стјуард од Скопје се повредил во авион, се здобил со тешки повреди при слетување


Завчера во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“; било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К. (28) од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1