Тетовo: 13 год дете во училиште вперило пиштол во 10 год дете


Триесет и седум годишиот К.З. од тетовско Порој пријавил во полицијата дека 13-годишно момче на неговиот 10 годишен син му вперил пиштол во главата.

Инцидентот се случил на 9-ти месецов околу 18 часот во дворот на тетовското училиште „Гоце Делчев“. Кога 10 годишниот ученик излегол во дворот на училиштето му се приближил 13 годишниот соученик, кој бил заедно со уште неколку други ученици при што од џебот извадил и му вперил пиштол во главата.pistolj-metak-pucnjava-ranjavanje-1341106847-180039-300x161

„Пиштолџијата“ му рекол на соученикот дека пиштолот е вистински и сешто може да му направи со него, по што го удрил со цевката по лицето и заминал.

По пријавата на случајот, полицијата на разговор во присуство на родител го повикала 13 годишниот ученик кај кого е пронајден пиштол „Бровинг“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка и пакување со 25 куршуми од истиот калибар.

На разговор била повикана и 12 годишна ученичка од друго училиште, која според неофицијални информации му го дала пиштолот на 13 годишниот ученик.

Од СВР Тетово информираат дека во координација со јавен обвинител се превземаат мерки за расветлување на сите поединости околу тоа чиј е  пиштолот и како истиот се нашол кај 13 годишниот малолетник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1