Крвава семејна драма се одвивала на улицата Маршал Тито во Тетово.
Според податоците, во 11 часот и 20 минути, 49-годишниот Џ.И. од селото Слатино започнал расправија со браќата, 32-годишниот С.И. и 40-годишниот Г.И. од Тетово, како и со уште едно засега непознато лице. Едниот од браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, а С.И. со нож го прободел во пределот на левата страна од телото, додека непознатото лице со безбол палка го удрило во пределот на главата.
Несреќниот тетовчанец бил пренесен во Клиниката во Тетово, од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиниките во Скопје.
Се превземаат мерки.