Безживотното тело на 16 годишниот А.С. од Групчин вчера било пронајдено од страна на неговиот татко на нива во близина на селото.
Случајот го пријавил таткото околу 18 часот, кој мртвото тело на синот го пронашол со една влезна рана од огнено оружје, најверојатно пиштол, во левиот дел од градите.
-Набрзо по пријавувањето, јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина извршиле комплетен увид.На местото е пронајдено безживотното тело на 16-годишниот А.С, покрај кое се наоѓал пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, неколку неиспукани куршуми од ист калибар во цевката и шаржерот на пиштолот и една испукана чаура, соопштуваат од СВР Тетово.
Покрај тоа, пронајдени и подигнати за вештачење се и други траги, а по наредба на јавен обвинител врз телото на А.С. денеска ќе се изврши обдукција.
Истрагата треба да утврди дали се работи за самоубиство или убиство.