Тетово: Зад фармата за свињи нашол остатоци од човечко тело


Во Центарот за известување и команда Тетово, вчера во 13.20 часот било пријавено дека во атарот на село Брвеница, тетовско (зад фарма за свињи) се пронајдени остатоци од човечко тело.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Остатоците биле подигнати и предадени на лекар од Судска медицина за понатамошна постапка.

Исто така, биле пронајдени и обезбедени неколку парчиња облека. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1