Тетовско: Паднал со автомобил во бездна, удрил во џамија и починал


Едно лице загинало во тешката сообраќајна несреќа што завчера нешто по 16 часот се случила на земјениот пат Тетово – Бањиче кај месноста Шипковечко теќе над “селската“ џамија, информираа од СВР Тетово.

soobrakjajkaОд засега неутврдени причини автомобил Опел Тигра со тетовски регистарски таблички управуван од Б.И.(20) од Селце загубил контрола, излетал од патот и паднал во бездна длабока 35-40 метри. Автомобилот при падот закачил во покривот од џамијата, се првртел и паднал.

Од превртувањето и падот возачот кој бил сам во автомобилот задобил тешки повреди на главата и телото по што починал на самото место. Увид на местото извршиле екипи на полицијата судот и обвинителството и се работи на откривање на причините за оваа сообраќајка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1