Тигар побегна од зоолошка


Тигар побегнал од Зоолошката градина во Софија денеска. Животното било фатено и затворено по „кратка прошетка“. Тигарот залутал во дел од Зоолошката наменет за други животни. Зоолошката градина по бегството на тигарот беше затворена.

Без инциденти заврши тричасовната авантура на тигарот Мареј од Софиската зоолошката кој денеска успеа да се извлече од кафезот и ги ужасна посетителите и вработените на зоолошката градина.

430x263

За среќа, ситуацијата заврши без човечки последици, а во моментов животното е под седативи и затворено.

За да биде под седативи тешкиот тигар, биле потребни три истрели , објасни директорот на зоолошката градина Мано Нејков, соопшти БГНЕС. Покрај големите димензии на тигарот улога одиграл и адреналинот кај животното, што го забавувало дејството на анестезија. Пред последниот – трет истрел тој станал агресивен и се обидел да нападне еден од полицајците .

На место пристигнал стручен тим на Зоолошката градина, дежурен тим на здравствената служба на соседството Симеоново, Општинска полиција, спец. единици, директорот на зоолошката градина и градоначалникот на Софија, Јорданка Фандакова, соопштија агенциите.

Потсетуваме дека порано денес тигарот Мареј излезе од кафез поради грешка на едниот од чуварите. Тој несовесно оставил една од вратите отворена , призна директорот.

За време на слободното скитање на Мареј мајка и нејзините две деца поминале околу 15 минути во непосредна близина до него, соопшти БНР.

Заедно со своите деца жената се скрила зад вештачка грмушка , каде се јавила на тел. 112 и ја пријавила ситуацијата.Првично операторите на итната линија помислиле дека жената се шегува.

Ситуацијата се развила поволно, откако двајца вработени на зоолошката градина кја забележале жената и и ја покажале отворената врата на соба за багаж, каде што таа влегла со своите деца.

Во почетокот на август јагуар избега од кафез во зоолошката градина во Ловеч, исто така Бугарија, кој подоцна беше убиен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1