Тигри и ренџери го ваделе телото – трупот на Бистра е на исчезнатиот татко


Истрагата за таткото и синот од кои повеќе од десетина дена нема ни трага ни глас откако исчезнаа на падините на Бистра, за жал добива трагични размери. Таткото Љубомир и неговиот 50-годишен син Сашо пред 15 дена исчезнаа кај својата викендица во Лазарополе, им се испразнија мобилните што уште повеќе ја отежна ситуацијата, и од нив нема ни трага ни глас.babuna - planina

Пресврт во приказната направи наоѓањето на труп во фаза на распаѓање на планината, за кој за жал се верува дека е на еден од членовите на семејството. истражните органи утврдиле дека телото е на 78-годишниот Љубомир Мицевски кој исчезна со својот син.

– Сто години да баравме на тоа место немаше шанса да го најдеме. Човечка нога не стапнала на тоа место. Најверојатно таткото мислел дека по таа кривина ќе слезе на патот и паднал. Тоа е шума која веднаш има дол. Старецот паднал во стрмните карпи и поточето на висина од десетина метри, вели командирот Рефик Пајковски.

Синот не е пронајден. Се уште се трага со надеж дека е жив.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1