Тијана доживеала драма на Евросонг – била заробена еден час


Иако никогаш немала страв од затворен простор, нашата претставничка на Евровизија, Тијана Дапчевиќ, доживеа сериозен шок кога лифтот и се заглави и ги остави така заробени на еден час.

tijanaaaa-500 (1)Тијана во тој миг била во лифтот заедно со својата сестра Тамара Тодевска, а вистинската драма настанала кога лифтот почнал да се дрма. Тогаш почнале да паничат и да удираат на вратата.

Тијана и Тамара ја напуштиле хотелската соба и тргнале кон лифтот на генерална проба, кога тој одеднаш застанал меѓу катовите. Во прв момент тие не се исплашиле, но кога светлото почнало само да се пали и гаси ги фатила паника, пренесува извор српски Ало кој е во тимот на Тијана во Данска.

-Сега ми е смешно, но тогаш плачев од страв. Било, па поминало. Бидете со мене вечер, изјавила кратко Тијана за Ало.рс.

Набрзо реагирале домаќините и драмата се решила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1