Тијана Дапчевиќ (38) интензивно се обидува на својот син Вук (5) да му подари брат или сестра, и со својот сопруг Милан размислуваат да одат на вештачко оплодување, пренесува српски „Курир“.
Како што пренесува порталот Тијана е одлучна во намерата да донесе уште едно дете на свет, а нема проблем со тоа да се обиде со вонтелесно оплодување.
– Вук секојдневно на Тијана и на Милан им кажува дека сака да добие брат или сестра. И таа сака уште едно дете и свесна е дека повеќе не треба да чека. Меѓутоа поради тоа што со месеци не може да забремени на природен пат, заедно се одлучиле на вештачко оплодување. Таа нема проблем со тоа и не и е тешко да се придржува кон упатствата на нејзиниот доктор – раскажала блиска пријателка на Тијана за српските медиуми.