Македонската евровизиска претставничка Тијана заедно со својата екипа денеска пристигна во Копенхаген
Македонската евровизиска претставничка Тијана заедно со својата екипа денеска пристигна во Копенхаген, Данска и веќе утре неа ја очекува првата евровизиска проба, како и прес-конференција. Непосредно пред полетувањето за Данска, Тијана гостуваше во емисијата „Булевар во 5 до 5“ на телевизија Б92, каде што откри дека на сцената во Копенхаген ќе се појави во боите на спортскиот клуб „Партизан“ (црно- бела комбинација), додавајќи дека би била подеднакво горда да настапува и за Србија.
„Би била горда да ја претставувам Србија на ’Евровизија’. Македонија ми е прв дом, но Србија втор“, изјави Тијана во емисијата.