Тимошенко излегува од затвор, се враќа стариот Устав


Украинскиот парламент го суспендираше Уставот и го врати на сила стариот Устав од 2004 година, со што овластувањата на претседателот се значително ограничени, ослободена е од затвор Јулија Тимошенко, амнестирани се уапсените демонстранти и сменет е министерот на полицијата, за кој се смета дека наредил да се употреби сила над учесниците на протестот

Julija-TimoshenkoОслободувањето на Тимошенко беше одлучено денеска, која со пресуда за злоупотреба на службената положба издржуваше казна затвор од седум години.

Тимошенко е една од најжестоките противници на Јануковил и нејзиното ослободување или лекување во Германија беше еден од условите кој Европската унија ги постави пред да се продолжат евроинтеграциите на Украина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1