Тимот на д-р Жан Митрев ја крена беровската снаа од Полска на нозе – Јустина живее втор живот


Втора шанса во животот ѝ даде хуманста на Полјачката Јустина од беровско Русиново. По болничкиот третман и клиничките испитувања што беше гест на хуманост од болницата на д-р Жан Митрев , Јустина празниците ги помина дома со својот сопруг, пренесува Тв СтарStill0112_00001-696x392

Таа видно освежена и на нозе ја дочека новата донација од Филип Втори во храна, облека, покуќнина , хигиенски средства.

Во чест на роденденот на д-р Жан Митрев, ви донесовме донација од храна, облека, лекови, за да понатаму ви биде ова поттик за да продолжите со животот, изјави Ирена Николов, Специјална болница Филип Втори – по повод роденденот на д-р Жан Митрев.

За сопружниците, реакцијата на болницата од д-р Жан Митрев по сторијата на ТВ Стар, е надеж дека нивниот живот може нормално да продолжи.

Се чувствувам добро, ги примам лековите кои ми ги препишаа од болницата, изјави Јустина Мадевска.

Среќен роденден на д-р Жан Митрев, ние сме многу благодарни и неке бидат среќни и здрави сите кои ни помогнаа, најмногу на д-р Митрев, му посакувам здравје и да им помага на сите како нас, изјави Славчо Мадевски, сопруг на Јустина.

Од специјалната болница „Филип Втори“ информираат дека Јустина која на крајот од минатата година беше прифатена на лекување во болницата “Филип Втори“, продолжи да биде мисија на д-р Жан Митрев и неговиот тим и по завршувањето на хоспитализацијата. За време на медицинското испитување и хоспитализација било  констатирано дека Јустина имала мозочни засегања, како и почетна фаза на деменција, иако е некарактеристично за нејзината 45-годишна возраст.

Приказната за младата жена Јустина од Русиново која ја објави Тв Стар уште еднаш покажа дека хуманоста не познава граници и дека секој заслужува помош, тогаш кога е најтешко и втора шанса во животот.

Тв Стар

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1