Тимот на Жан Митрев следните две години ќе се грижи за кошаркарските репрезентативци


Тимот на д-р. Жан Митрев во следните две години ќе се грижи за здравјето на сите македонски репрезентации во машка и женска конкуренција. Ова стои во договорот потпишан денеска од претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски и првиот човек на Специјална болница „Филип Втори“ д-р. Жан Митрев.

Со овој договор опфатени се кошаркарите и кошаркарките од кадетската, јуниорската, младинската и сениорската репрезентација.mkf-zan-mitrev-640x294

МКФ и специјалната болница соработуваа и во периодот од 2009 до 2013 година.

-Тимот на д-р. Жан Митрев и МКФ беа партнери во времето на најголемиот успех на нашата сениорска репрезентација, на патот на црвено жолтите кон историското четврто место на Евробаскетот во 2011 во Литванија, информираат од МКФ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1