Тинејџер ги прободел момчињата во Ново Лисиче – негирал дека тој се обидел да ги убие


Полицијата го пронајде лицето кое минатиот викенд со нож избоде две момчиња во скопско Ново Лисиче.

Настанот се случи на булеварот “АСНОМ“ каде пријавениот Д.Р, во алкохолизирана состојба им нанел убодни рани со нож на Д.Б.(23) и С.Р.(22).

novo-lisice-540x395

Од убодите Д.Б. заработи тешки повреди и се бореше за живот, додека С.Р. по укажаната лекарска помош беше пуштен на домашно лекување.

Двете момчиња и сторителот не се познавале, а критичната вечер, тие рекреативно трчале на бул. “АСНОМ“ и поминувајќи покрај пријавениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба паднат на улица и повраќал, застанале да му помогнат.

Инаку Д.Р., во 2013 година е кривично пријавен за “учество во толпа“ и му се поднесени четири прекршочни пријави за нарушување на ЈРМ со физички напад.

Во изјавата во полиција го негирал сторувањето на  кривичното дело за кое се товари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1