Тинејџер од Оклахома осуден за убиство доби пресуда условна казна и задолжителна редовна посета на црква.
17 годишниот Tyler Alred, во 2011 направил сообраќајна несреќа, возел пијан. Во несреќата загинал неговиот другар 16 годишниот John Luke Dum, кој бил со него во автомобилот.
Судено му е како на малолетник за возење под алкохол и предизвикување опасност, како и убиство.
,, не сакав тоа да се случи, сакам да си го сменам животот,, изјавил Алред пред судијата. Ниту семејството на загинатото момче не сакало детето да оди во затвор, не сакаме два живота да се уништат, рекле тие во судот.
Поради сите овие околности судијата Mike Norman го осуди на 10 години условна казна но за да не оди во затвор тој мора да заврши средно училиште, не смее да користи дрога, алкохол и никотин – а мора да се тестира секоја година и мора да носи посебна алка за дрога и алкохол.
Но она што ги зачуди дури и медиумите во САД е што судијата како еден од условите момчето да не заврши во затвор додал и задолжително, редовно одење во црква во наредните 10 години.
Правниците велат дека ова и правно е неиздржано поради одделноста на црквата од државата. Ова е насила терање на луѓето на религиски активности кои можеби не би ги практикувале да не мораа,, вели професорот по право Gary Allison
Но момчето послушало се што му рекол судијата. Неговиот адвокат редовно го известува судот дека Алред оди во црква секоја недела.