Црногорци го побиваат Њутн


Тројца Црногорци на 28 ноември, на Твитер, го претставија новиот механички агрегат за поризводство на електрична енергија која доколку навистина делува, би можела да го побие законот на Њутн.


Претставувањето на овој уред, предизвика итнтересирање кај граѓаните, но и голем број на коментари кај луѓето кои што не верувале дека овие тројца автори предводени од Милан Бојовиќ, навистина успеале да ги заобиколат важечките правила на физиката за силата, акција и реакција кои беа втемелен од страна на Исак Њутн.
„Овој уред е решение за да се добие едноставна, еколошки чиста енергија, која ќе може да се применува на секое место. Агрегатот може да биде мобилен, монтажен или демонтажен.

Уредот користи иницијална енергија – едносмерна струја од батерија од 12 волти, која ја покренува електромотор, а овој преку посебен преносен систем, го покренува генераторот кој произведува наизменична електрична енергија со напон од 230 волти. Помалиот дел генерираната енергија се враќа во батерија од 12 волти, а поголемиот дел од „дополнителената“ новопрозиводена струја е подготвена за напојување на сите потрошувачи кои функционираат на напон од 220 волти“, објаснува Бојовиќ.

Бојовиќ додаде дека нивниот патент овозможува стабилно независно снабдување на струја во домаќинствата, хотелите, мрежните јавни осветлувања, и системите за наводнувања.
Интерес за патентот се покажал кај некои електро инжинери и бизнисмени, додека другите со скептицизам гледале на ваквиот изум, кој доколку навистина е онаков како што го претставуваат неговите дизајнери, со сигурност ќе предизвика колапс кај некои електрични компании.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1