Заборавен: Јунакот од филмот “Lepa sela lepo gore” живее во беда со 25 шрапнели во телото


Екс борецот на војската на Република Српска Микајло Шимшиќ, според чие искуство и раскажување за заробеништвото во тунелот е снимен филмот “Lepa sela lepo gore” денес живее без услови за било какава социјална помош иако има 25 шрапнели во телото.  

Има 40 години и е еден од преживеаните кои 1992 биле заробени во тунелот Бродар.  Тој сега живее со 25 шрапнели во телото а нема никакви приходи. Живее со мајката. Иако има 25 шрапнели неговиот инвалидитет е под 20 насто и тој нема право на месечен надоместок.

,, минаа 20 години од тунелот, 9 дена пекол, без храна и вода ги преживеавме, живеам и денес но не знам како, немам работа, работам како амал по Србија кога некој сака да ме најми, но неможам да работам многу физичка работа, а само тоа ми останува. Сега живееме од пензијата на мајка ми 159 марки,, вели Микајло.

Не барам одличја, медали ниту милиони само пристојна работа, се надевам дека некој од власта ќе се сети на мене – вели овој веќе очаен и заборавен човек.

Иронија е што човекот кој е виновник за филмот кои има голема слава заборавен е од сите, но и од тие кои од филмот направија слава и пари. Иако премиерата била во Вишеград, никој не се сетил да го викне Микајло на премиерата.

,, никој никогаш не ме повикал. Ние преживеаните најдобро знаеме што се случуваше во тунелот, во филмот е прикажано само 20 насто. На никого не сум му кажал освен на новинарот Вања Булиќ кои дојде кај мене и сакаше да чуе се за да напише книга ,, тунел,, нему се му кажав како што беше,, вели Микајло кој не сака многу да зборува и да се потсетува на деновите во тунелот.

“OJ TUNELU, TVOJEGA TI MRAKA, ŠTO NE LEČI RANE OD JUNAKA”

Ова е испишано денес на влезот на тунелот, плоча да сведочи за она што се случи таму 92.

,,редовно одам до тунелот и палам свеќа за другарите, искрено да ви кажам се надевав на подобар живот по војната, но. ,, вели Микајло за српски Курир.

Тој септември 7 војници го чувало мостот пред тунелот кога започнале борби, тие се повлекле во тунелот и така се нашле во замка во 97 метри долгиот тунел. Во него останале цели 9 дена, под бомби и постојани напади.

Милован Лучиќ и Владан Гавриловиќ умреле во тунелот ранети, тешко ранетиот Новак Арсиќ самиот се убил со пиштол испукувајќи куршум во слепочницата, стеван Паниќ е убиен застрелан додека го чувал телото на својот побратим Милован.

Тројца од нив, Микајло, Слаѓан Симиќ ( кој подоцна погинал) и Станко Мечашев откако ги загбиле другарите одлучиле да излезат од тунелот дури и по цена на смрт и со некое чудо преживеале.

На зидовите на тунелот и денеска има трагови од воените дејствија. На едната страна од тунелот е плочата за загинатите војници, а на другата плоча со имињата на докторката Стојана Јововиќ и медицинската сестра Љубица Кастратовиќ кои загинале додека се обидувале да стасаат до ранетите војници во тунелот и да им пружат помош.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1