Најмалку четири лица се повредени денеска кога тинејџер отвори оган и фрли димни бомби во училиште во местото Ивантејевка, во московскиот регион, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Според првичните информации, во едно училиште во Ивантејевка, ученик на 15-годишна возраст фрлил димни бомби и пукал во воздух, изјави портпарол на руското МВР.
Тој истакна дека во нападот четири лица се повредени и префрлени во болница.