Тинејџер се бори за живот – доживеал силен струен удар, сакал со раце да ја затвори вратата на трафостаница


Шеснаесетгодишно момче од гостиварското село Неготино, Полошко, претрпело силен струен удар и паднало во бессознание по обидот да ја затвори вратата од 110-киловолтната трафостаница на излезот од селото на споредниот пат кон Дебреше, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.struja1

Според неговите податоци, шеснаесетгодишникот заедно со две други лица бил на местото кај трафостаницата кога забележал дека металната врата од објектот е отворена, а од внатре се слушала силна бучава.

– Тој се обидел со двете раце да ја затвори вратата, но доживеал силен струен удар и паднал во бессознание по што бил пренесен во Гостиварската болница од каде бил препратен на скопските клиники. Полицијата работи на утврдување на сите околности, како и видот, карактерот и тежината на повредите – рече Јосифовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1