Тинејџери доцна синоќа околу 1.40 часот каменувале автобус на ЈСП и повредиле полицаец кој интервенирал за да го смири нивното дивеење на булеварот Јане Сандански во скопската населба Аеродром.
Групата младинци викале и го оштетиле автобусот со број пет фрлајќи со камења. Кога дошла полицијата да интервенира, еден од момчиња нападнал полицаец, со лактот го удрил по главата и му ја расекол устата и носот. Момчето избегало но за кратко време било приведено.
Се работи за деветнаесетгодишен скопјанец против кого ќе биде поднесена пријава