Заев не бил разбран – сепак останува во трка за лидер на СДСМ?


Струмичкиот градоначалник, Зоран Заев сепак останува во трката за нов претседател на СДСМ. Како што дознава Press24 од свои извори на Бихаќка, вчерашниот настап на Заев пред Извршниот одбор на СДСМ бил лошо протолкуван, а ситуацијата дополнително ја докомплицирал самиот Заев кој не бил доволно јасен во својата изјава за медиумите.

g_zaev slika za webЗаев пред Извршниот на СДСМ рекол дека не сака поделби внатре во партијата и дека е подготвен, доколку се договорат за еден кандидат, тој да се откаже од својата кандидатура.
Расправијата во СДСМ избила откако дел членовите реагирале на однапред започнатата кампања на дел од кандидатите за претседатели, пишува прес24.

Откако неколку говорници излегле со став дека без Црвенковски партијата ќе пропадне, актуелниот лидер уште еднаш пред Извршниот одбор рекол дека нема да прифати кандидатура за нов мандат и дека нема да поддржи ниту еден кандидат. Сепак, Црвенковски не бил подготвен ова да го соопшти јавно и да побара од општинските одбори да не го кандидираат за нов мандат. Иако тоа од него го побарале дел од членовите на Извршниот одбор, Црвенковски рекол дека во интерес на декмократијата треба да се остави, секој да може да биде кандидиран и дека токму затоа не сака да ги спречи општинските одбори да собираат потписи за негово останувње.
Се очекува до крајот на денот Заев да излезе со став дека останува во трката за претседател на СДСМ.

Press24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1