Tинејџери од досада убиле студент во САД


Тројца тинејџери од Оклахома се обвинети за убиство на австралискиот студент Кристофер Лејн (23), кој бил дел од програмата за размена на студенти, бидејќи им било досадно.

deca ubijci sadЛејн џогирал до куќата во која престојувал во гратчето Данкан во Оклахома, откако ја посетил неговата девојка, кога трите момчиња почнале да го следат со автомобил.

– Му пришле од зад грб и од пушка со мал калибар го погодиле во грбот, изјави шефот на локалната полиција Дени Форд.

Тројцата тинејџери, Амес Едвардс (15), Ченси Луна (16) и Мајкл Џонс (17) изјавиле во полицијата дека одлучиле да убијат некого „бидејќи им било досадно“.

Еден од убијците на својот Фејсбук профил напишал: „Бенг. Две пукотници во два часа“. Полицијата смета дка тинејџерите трганел да убијат повеќе луѓе, но за среќа биле брзо фатени.

На момчињата им се заканува казна доживотен затвор, бидејќи како лица помлади од 18 години не подлежат на смртна казна, која се уште е во сила во Оклахома.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1