Тинејџерка од Сиднеј уапсена за испраќање пари за ИД во Сирија


Една 16-годишна тинејџерка е уапсена и изведена на сослушување во Сиднеј, затоа што испраќала пари за џихадистите на Исламска држава во Сирија, јавува австралиската телевизија Еј-Би-Си.

Станува збор за повеќе илјади австралиски долари, што младата девојка ги испраќала преку системот на „Вестерн Јунион“ откако претходно парите ги добивала од дваесетгодишниот Милад Атаи.pari mito zema

Двајцата се уапсени вчера доцна попладне, во еден парк, во полициска рација, по добиената информација од еден полициски информант за тоа дека 16 годишната тинејџерка му префрла пари на еден џихадист од ИД во Сирија.

Според полициското соопштение на кое се повикува телевизијата, двајцата биле уапсени во моментот додека се договарала како да ги префрлета најновите пет илјади долари, што Атаи и ги предал при средбата.

Двајцата имале разработен „софистициран метод“ за прикриено префрлање на парите, за да се сокрие трагата кому се испраќаат.

Доколку бидат прогласени за виновни, и обајцата може да добијат максимална казна затвор од 23 години.

Милад Атаи кој еднаш бил уапсен во септември 2014 година, е осомничен и за учеството во убиството на еден полициски сметководител кој беше застрелан од 15 годишниот Фахад Џабар.

Висок функционер на полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс изјавил за Еј-Би-Си дека останува големата загриженост на безбедносните сили од сознанието дека многу млади Австралијанци- муслимани се индоктриринари од радикалниот ислам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1