Типови на девојки кои мажите ги женат


Тоа постојано се случува: маж ќе потроши месеци, па дури и години во една врска со жена која навистина му се допаѓа. Меѓутоа, штом се појави чувството „не се гледам во брак“, тој едноставно исчезнува.
Др. Вилард Харли Џуниор, автор на книгата „I Promise You: Preparing For A Marriage That Will Last a Lifetime“ вели: „Она поради кое мажот сака да се венча се хемија и страст, но се работи и за одредни акции и однесувања кои се поконкретни отколку што мислите“.
Еве пет клучни особини со кои се разликуваат жените со кои мажите сакаат само да се гледаат од оние со кои се гледаат во брак.

nevesta1

Особина 1: Таа е возбудлива и секогаш поинаква
Типот на жена која мажот ги гледа како своја сопруга предизвикува во него чувство на возбудување и исчекување. „Таа е спонтана и помалку непредвидлива. Има различни интереси и открива различни аспекти на својата личност“, објаснува др. Алон Грач, автор на книгата „If Love Could Think“. Таа не дозволува животот да и е статичен и со тоа го урива митот дека бракот значи досада. „Со неа животот е авантура. Остава впечаток дека постојано има нови идеи и активности во умот“, вели Грач.

Особина 2: Навистина сака секс
Кога жената се труди во сексот да го вклучува умот и телото, таа во машките очи автоматски преоѓа од позиција девојка во девојка за брак. „Мажите се жедни за еротичен секс, но и сакаат секс со емоции кои длабоко ги поврзува со партнерката“, вели Грач. Уште нешто наведува мажите да размислуваат за брак: кога жената постојано се труди да ја одржи страстта. „Најголемиот страв кај мажите е дека одличниот секс поради кој помислил дека вие сте негова идна сопруга, еден ден ќе падне во друг план“, објаснува др. Даглас Вајс, автор на книгата „7 Love Agreements: Decisions You Can Make On Your Own to Strengthen Your Marriage“. Жената која се труди да ја одржи страста е остварување на машкиот сон.

flowers-for-loveОсобина 3: Јасно дава до знаење дека тој не е нејзиниот цел свет…
На мажите им ласка кога ќе сфатат дека неговата девојка го мисли најдоброто за него, но помалку му е привлечно ако сфати дека тој е нејзиниот цел свет. Затоа девојката која ја задржува својата независност и кога врската станува сериозна, дефинитивно има особини на сопруга. „Жената која потполно зависи од мажот е нешто застрашувачки за него“, вели Грач. „Мажите не сакаат да се чувствуваа дека ги гушите и дека се одговорни за вашата секојдневна среќа“. Идеална жена е онаа која води однос како цврсто партнерство во кое и двајцата имаат одвоени идентитети.

Особина 4: … но му дава до знаење колку и е важен
Тенка е линијата меѓу независноста и рамнодушноста. Мажите се скрасуваат со жена која ја покажува својата нежна страна и м покажува дека, без огле што се случува, таа го чува. „Мажите гледаат на животот како на борба или војна која треба да ја добијат и сакаат некој кој ќе бид на нивна страна постојано“, вели Грач. „Тоа не значи дека жената треба да глуми мајка или да му помага во секоја ситница во животот, туку да прави мали работи кои му даваат до знаење дека и е важен“.

Особина 5: Таа го поттикнува да биде најдобар во она што го работи

Мажите не сакаат девојка која ќе им наредува. Сакаат да им биде поддршка во нивните цели и да го поттикнуваат да биде подобар во тоа што го работи. „Мажот и се восхитува на жената која го охрабрува да стане тоа што сака… значи, таа има најдобри интереси на ум и не се обидува да го стави во калап“, вели Харли. Тоа значи дека не му дозволува да ги занемари своите цели и да се откаже.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1