Тирана и пиша на Москва: што се мешате во Македонија?


Албанското МНР го повикало рускиот амбасадор во Тирана за да протестира поради „неприфатливото” и „дестабилизирачко” соопштение околу ситуацијата во Република Македонија.Рускиот амбасадор бил повикан во МНР-то во Тирана за да албанската дипломатија протестира околу соопштението на руското МНР во кое се посочува на планови за т.н. „Голема Албанија”.zname-albanija

Како што пренесоа медиумите на албански јазик, албанското МНР ја изразило својата разочараност на амбасадорот Александар Карпушин во врска со „неприфатливата изјава и наводите на Русија”, да се поврзе неодамнешниот инцидент во Македонија со владите на Албанија и Косово. Според Тирана, оваа изјава преставува уцена и е лоша за конструктивна клима која Албанија, Косово и нејзините соседи се обидуваат да ја градат во регионот. Таа, според реакцијата на албанската дипломатија, исто така преставува непочитување на најдобрите принципи на меѓународното право.

-Албанија е суверена земја, членка на НАТО и кандидат за ЕУ и било кој акт на уцена против оваа земја треба да се третира во овој контекст- порачала Тирана. Албанското МНР му порачало на рускиот амбасадор дека Москва треба да се соочи и да ја прифати новата реалност во регионот на Западен Балкан и да го признае придонесот на независноста на Косово за мирот, стабилноста и демократската иднина на регионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1