Тито значеше мир и спокој, сега работиме за да заработиме а не за да живееме


Во серијалот „Исповед на Југословените“ на српскиот портал „Дневно“, им се остава простор на југоносталгичарите да ја прераскажат својата приказна за времето кога црвениот пасош беше порта на целиот свет. Младите да дознаат, а старите да се потсетат…Оваа приказна доаѓа од 54-годишната Тања, сметководител.tito jugoslavija

Бев четврта година во гимназија во Белград кога умре Тито. Имав 19 години. Кога ја објавија оваа тажна, за тогаш незамислива вест се сеќавам дека бев дома. Ми беше жал, плачев како да умрел некој мој роднина.

Кога ќе го вратам времето назад, мислам дека плачев повеќе за нас отколку за него – плачев за времето кога тој владееше, времето кога сите живеевме убаво. Се плашев дека нема да остане така по неговата смрт. Бевме сигурнии, можевме слободно да се движиме, немаше насилства, тепачки, криминал…

Работничката класа во која припаѓав и во која припаѓаа моите родители во тоа време можеше да си дозволи одмори, патувања, да си купи автомобил, стан…Се функционираше совршено. Имавме здравствено осигурување во вистинска смисла на зборот. Образованието беше бесплатно, па дури и за студентите.

Станови добивавме од фирмите, така да ретко кој немаше нерешено станбено прашање. Постоеше работно време – работната недела траеше точно 40 часа, а викендите ни беа слободни, па така луѓето можеа да си дозволат одмори со семејството. Не се работеше за да се преживее, туку за да се живее.

Се сеќавам дека од 70те па до 80те години имаше масовно купување на земјиште во близина на Белград. Сите градеа викенд куќи а пак имаа пари за нормален живот. Веруваме дека тоа ќе остане така засекогаш. Тогаш почина Тито. Отидов да марширам кон собранието. Се сеќавам стоев во ред на семафорот, чекав во редот со часови и дури вечерта успеав да поминам од неговиот ковчег. Ми беше многу тешко, чувствував како да ми умрел член од семејството. Го сакав Тито, бев негов пионер.

Присуствувам и на неговиот погреб. Впрочем, дојде цел свет да се збогува од југословенскиот маршал. Стоев на булеварот и беше многу тажно. Мислам дека денешните генерации не можат да го сфатат тоа што ние тогаш го чувствуваме. Се сеќавам, сите околу мене плачеа. Таква голема колективна тага не помнам. Тагата траеше со месеци, а кога поминаа солзите сите знаевме дека неговото време нема да се врати, ниту пак дека ќе имаме живот каков што некогаш сме имале.

По Тито ништо веќе не еисто, а за жал претчувството кое сите го имавме се исполни – по неговата смрт исчезна љубовта и почитта која ја имавме меѓу себе, исчезна сигурноста, дисциплината, редот па дури и таа голема Југославија.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1